Забрана за капење во Пефкохори

grcija plaza

Грчките власти воведоа привремена забрана за капење на дел од плажата во Пефкохори на првиот крак на Халкидики, откако беше регистрирано излевање на отпадни води поради дефект на цевковод за нивен транспорт.

Zito baner

Според соопштението на Општина Касандра, инцидентот бил забележан во утринските часови на 11 јуни, кога дошло до пукање на потисниот цевковод Ф225 преку кој отпадните води од Пефкохори се транспортираат до постројката за преработка. Истекувањето било брзо запрено, а оштетувањето целосно отстрането. Паралелно биле спроведени активности за миење и дезинфекција на погоденото подрачје.

Agria

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: