Аризона и Колектив ќе играат за трофејот на Меморијалниот турнир „Гоце Коцевски“

По одигрувањето на четвртфиналните и полуфиналните натпревари, познати се финалистите на Вториот меморијален турнир во мал фудбал „Гоце Коцевски“ 2026. За трофејот вечерва ќе се борат екипите на Аризона и Колектив, а финалниот натпревар е закажан со почеток во 21:00 часот.

Zito baner

До финалето Аризона стигна по победата над Ален Гемиџии (4:2) во четвртфиналето, а потоа во полуфиналето беше подобра од Бабуна Мартолци со 2:1. Од друга страна, Колектив убедливо го совлада Тунел Компани со 5:1 во четвртфиналето, а во полуфиналето славеше против ФК Тополка со 4:1.

Agria

Пред големото финале, од 19:00 часот ќе се одигра натпреварот за третото место, во кој ќе се сретнат Бабуна Мартолци и ФК Тополка, додека финалната пресметка меѓу Аризона и Колектив започнува во 21:00 часот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: