Борец 1919 го комплетира составот за новата сезона, седум нови имиња во ростерот

Фудбалскиот клуб Борец 1919 АД го комплетира играчкиот кадар пред стартот на новата сезона во Третата фудбалска лига – Регион 4. Велешкиот клуб во своите редови регистрираше неколку нови фудбалери, но и играчи кои веќе го носеле дресот на Борец и се враќаат во клубот.

Zito baner

Новите засилувања се Павел Панов, кој пристигнува од КУЛ Скопје, Аце Стојановски од Согле и Алјбин Јашари од Башкими. Во составот повторно се и повратниците Петар Трајков и Енес Мандак.

Agria

Борец во новата сезона ќе смета и на млади сили. Нов член на тимот е 17-годишниот голман Васко Диковски од Њу Старс Скопје, како и 17-годишниот Ваљон Имеров.

Со спој на младост, нови имиња и добро познати лица, велешкиот клуб влегува во новата сезона со желба за што подобар пласман во Третата лига – Регион 4.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: