СДСМ: Мицкоски има милиони за спектакли и тендери, а за граѓаните нуди трошки – бараат укинување на акцизата за горивата

Мицкоски има милиони евра за спектакли, тендери и луксуз, но за граѓаните нуди трошки. Цените растат, платите не ги следат поскапувањата, а семејствата секој месец живеат сè потешко.Во услови кога горивата надминаа 100 денари за литар, а цените на храната секојдневно растат, Владата на арамијата Мицкоски донесе задоцнети, половични мерки без никаков ефект врз семејните буџети, се наведува во соопштението од СДСМ.

Zito baner

Од партијата укажуваат дека според нив има две конкретни мерки кои ќе придонесат за вистинско намалување на цените на нафтените деривати.

Agria

Затоа опозиционерите предлагаат:

1.Целосно укинување на акцизата за горивата.

2.Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти.

– Со мерките на СДСМ, граѓанин со просечна плата ќе може да купи дури 205 литри бензин повеќе отколку со мерките што ги предлага Владата.

Ова е конкретна помош што веднаш ќе се почувствува во секое домаќинство.

Значителното поевтинување на горивата ќе ги намали и транспортните трошоци и ќе создаде услови за намалување на цените на храната и на другите основни производи – укажуваат во соопштението испратено до медиумите и додаваат оти бараат Владата веднаш да ги прифати предложените мерки.

-Во време на криза, народните пари мора да завршат кај граѓаните, а не во луксузот и криминалните тендери на власта – заклучуваат на крајот од соопштението.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: