Специјализираните совети на Косово во Хаг денеска ја изрекоа првостепената пресуда во процесот против поранешните лидери на ОВК, меѓу кои поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи.
Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор, исто како и Јакуп Красниќи, додека на Кадри Весељи му е изречена затворска казна од 18 години.
Судскиот процес се однесуваше на обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време и непосредно по војната во Косово во 1998 и 1999 година.
Тачи беше прогласен за виновен за повеќе воени злосторства, меѓу кои убиство, тортура, сурово постапување и незаконско лишување од слобода.
Четворицата обвинети во текот на постапката ги негираа обвиненијата и се изјаснија за невини. Обвинителството во завршните зборови бараше казни од по 45 години затвор за секој од обвинетите.
Процесот против Тачи, Весељи, Сељими и Красниќи започна во април 2023 година, а пресудата беше изречена денеска, 16 септември 2026 година, во Хаг.






















