Велешанка повредена при сечење дрво, полицијата приведе 55-годишен велешанец

SVR Veles policija

Педесет и петгодишен велешанец бил лишен од слобода откако при сечење дрво во дворно место на улицата „Ризо Ризов“ во Велес, дел од дрвото паднал врз 66-годишна жена и ја повредил.

Zito baner

Според информациите од СВР Велес, настанот се случил на 15 септември во 19 часот, кога полициски службеници го лишиле од слобода З.А. (55) од Велес.

Agria

За случајот бил известен јавен обвинител, а од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: