Општинската лига на ОФС Велес со 10 екипи, сезоната почнува на 3 октомври

Новата сезона во Општинската фудбалска лига на ОФС Велес ќе започне викендот на 3 октомври, а годинава во натпреварувањето ќе учествуваат 10 екипи. Нов член на лигата е екипата на Плавник од село Мелница.

Zito baner

Претседателот на ОФС Велес, Трајче Шопов, заедно со претставниците на клубовите денеска одржаа состанок, по што беше извлечен распоредот за есенскиот дел од сезоната.

Agria

Во првото коло, бранителот на шампионската титула Форца ќе го пречека дебитантот Плавник. Победникот на Купот на ОФС Велес, Младост, на домашен терен ќе игра против Горски, додека Раштани ќе го пречека Тополка, кој се враќа во Општинската лига по настапот во повисок ранг.

Во останатите два натпревари, Согле ќе биде домаќин на Бузалково, а во Градско Локомотива ќе игра против Врановци.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: