Кадетите на РК „Гемиџии“ со пораз го започнаа настапот во Кадетската машка лига – Група Б. Во своето деби во ова натпреварување, велешкиот тим на гостувањето во Скопје загуби од Македонија Ѓорче Петров со 34:31.
Првото полувреме донесе целосно израмнета игра, па на одмор двата тима заминаа со нерешени 15:15. „Гемиџии“ во вториот дел се обидоа да го задржат чекорот со домаќинот, но неколкуте грешки во нападот беа пресудни за конечниот исход.
И покрај поразот, кадетите на „Гемиџии“ покажаа борбеност и карактер, а до последните секунди се бореа за позитивен резултат.
Најефикасни кај „Гемиџии“ беа Даријан Бобевски и Јакимовски со по седум гола, додека Мартинов постигна шест. Шанса за прв триумф ќе имаат наредниот викенд кога во Велес ќе гостува екипата на Куманово.























