Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 километри на час. Утринската температура ќе биде од 10 до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 24 до 32 степени.
Во Велес, времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди и со слаб ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 16 степени наутро до 28 во текот на денот.






















