Жените се мнозинство во јавниот сектор, но мажите и натаму ги држат раководните позиции

Жените се 57,5 отсто од вкупно 110.885 вработени во јавниот сектор, но кога станува збор за раководни позиции – сликата е поинаква. Државниот завод за ревизија утврди дека поголемата застапеност на жените меѓу вработените не се претвора и во еднаков пристап до позициите на одлучување.

Zito baner

Во Собранието во 2024 година жените учествувале со 39,2 отсто, но во Владата нивната застапеност е само 15 отсто – од 20 министри со ресор, само три се жени. Од 58 лица именувани на лидерски позиции од Собранието, само 16 се жени.

Agria

Уште еден податок е особено впечатлив, од конституирањето на првото Собрание во 1991 година до 2024 година, ниту една жена не била претседателка на Собранието.

ДЗР оценува дека се потребни поефикасни механизми за еднаков пристап и фер третман при изборот и именувањето на раководни лица.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: