Македонија енергетски е во исклучително добра сосотјба и нема предизвик во однос на гасот, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски информира дека вчера разговарал со поголемите нафтени компании. Воедно потсети дека државава не е голем потрошувач на гас, како и дека има план.
Според премиерот, нормализацијата на снбадувањето во глобални рамки би можело да се очекува дури напролет.
– Ние не сме голем потрошувач на гас како држава, што во случајов е олеснителна околност, но, да, тоа ќе биде предизвик, имајќи го предвид пролонгираниот ефект на војната во Заливот. Утре да престане таа војна, а нема, според ова што го слушаме, најверојатно, некаде, тоа би можело да биде во декември, да се нормализира испораката на нафта и гас од Заливот, ќе треба најмалку еден месец до 45 дена да стигнат тие количини до потрошувачите. Така што, некаква нормализација дури на пролет следната година зашто од 6-7 милиони барели дневно сме спуштени на под два и ако се реализира забраната за извоз од САД, читајте и Венецуела, тоа ќе биде сериозен предизвик. Ние имаме план. Знаеме како сето тоа ќе го реализраме. Вчера разговарав со поголемите нафтени компании. Добро е што имаме план, што продуктоводот работи, добро е што го пуштивме, таму имаме количини не само за нас, туку и за соседите. Во моментов, од денешна оптика ако ги гледаме работите, немаме предизвик во однос на гасот, но, да, во Европа ќе има сериозен предизвик и очекувам сериозни предизвици. Но, ние во овој момент, енергетски сме во исклучително добра, солидна состојба, подвлече премиерот по промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“.
На прашањето за евитната тарифа, Мицкоски истакна дека се уште пресметките не се дадени во рамки на РКЕ.






















