По успешната прва сезона и одличниот прием кај публиката, телевизиското шоу „180 Степени“ се враќа со втора сезона на Телевизија Телма.
Новото издание повторно носи голем број учесници, интересни кулинарски предизвици и квалитетни јадења, но и продукција зад која стои искусен тим од професионалци од телевизиската, филмската и гастрономската индустрија.

Шоуто се работи по идеја и концепт на Огнен Антов, кој заедно со Стојан Вујичиќ е продуцент на проектот. Режијата на втората сезона е на Данчо Стефков.
Шоуто е продуцирано од Лунар, Тулип про и Дрим фектори Македонија, со техничка поддршка од Live streaming Production.
Особено значајно е што и во втората сезона дел од продукцискиот тим доаѓа од Велес. Данчо Стефков, Бојан Картинов и Зоран Ставрев од Tulip Pro, како и Иван Камчев и Димче Саздов од Live Streaming Production, се дел од тимот задолжен за реализацијата на шоуто.

Зад велешкиот дел од продукцијата стои долгогодишно искуство во филмската, телевизиската и видео-индустријата. Tulip Pro, предводена од Данчо Стефков, има реализирано бројни проекти, меѓу кои документарни и играни филмови, додека Live Streaming Production во своето портфолио има голем број телевизиски, стриминг и видео-проекти.

Во целата продукциска приказна свое место има и Lunar, со што втората сезона на „180 Степени“ ја обединува работата на повеќе искусни тимови и професионалци.
Кога станува збор за кулинарскиот дел, и оваа сезона учесниците ќе имаат можност да учат од искусни професионалци. Меѓу нив се Филип Чаловски, долгогодишен професионалец во гастрономијата, иноватор и промотор на уникатните вкусови на македонската кујна, и Злато Таневски. Двајцата се дел од FJ Culinary School и своето знаење и искуство го пренесуваат на учесниците.

Со нова сезона, нови учесници и нови кулинарски предизвици, „180 Степени“ продолжува да ја гради својата телевизиска приказна, овојпат со уште посилен продукциски тим зад себе.
Втората сезона на „180 Степени“ наскоро на Телевизија Телма.





















