Почнува новата академска година на државните универзитети во Македонија

Prv akademski cas 2024

Денеска официјално започнува новата академска 2026/2027 година на државните универзитети во Македонија.

Zito baner

На најголемиот универзитет во земјава, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 10 часот на платото кај споменикот на светите Кирил и Методиј ќе се одржи првиот академски час, со кој и официјално ќе биде означен почетокот на новата академска година.

Agria

Настанот ќе биде проследен со свечена програма, официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија за студентите, како и пригодни активности за дружење и забава.

Прв академски час денеска ќе биде одржан и на останатите државни универзитети во земјава – Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Со новата академска година, студентите започнуваат нов циклус на предавања, испити, студентски активности и академски предизвици.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: