Висок пораз претрпеа младите кадети на Ракометниот клуб Гемиџии на гостувањето кај Мулти Есенс, во рамки на 3. коло од кадетската ракометна лига. Домаќините славеа убедливо со 50:18.
Уште по десетина минути беше јасно во која насока ќе се движи натпреварот, откако Мулти Есенс поведе со 8:0. Велешани тешко доаѓаа до реализација и долго време не успеваа да го пронајдат патот до мрежата на домаќините.
Во продолжението Мулти Есенс рутински го одработи натпреварот, а во листата на стрелците се запишаа речиси сите ракометари на домашниот состав.
Кај Гемиџии, најефикасни беа браќата Симон и Даријан Бобевски, кои заедно постигнаа 9 гола, односно половина од погодоците на велешкиот состав.
Во следното коло кадетите на Гемиџии ќе имаат нов тежок предизвик, бидејќи на домашен терен го пречекуваат составот на Вардар 1961.






















