Седумдесет и шестгодишен велешанец пријавил во СВР Велес дека бил измамен при подигнување пари од банкомат.
Според пријавеното, на 1 октомври околу 15:50 часот, тој побарал помош од жена при подигнување пари од банкомат. Откако парите биле подигнати, жената не му ги предала, туку го напуштила местото.
Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.





















