Пионерите на РК Гемиџии од Велес ја забележаа втората победа во пионерската ракометна лига, откако славеа против екипата на РК Илинден Вардар со 34:20.
Младите велешки ракометари одиграа ефикасен натпревар и со 14 голови разлика стигнаа до нови бодови, потврдувајќи го добриот почеток на натпреварувањето.
Втората победа е дополнителен поттик за пионерите на Гемиџии да продолжат со посветена работа и да го надградуваат својот потенцијал во продолжението од сезоната.
Најефикасни кај велешани беа Даријан Бобевски и Андреј Јакимовски со 7 постигнати погодоци, а добра партија пружи и Димитар Ризов со 4 постигнати погодоци.






















