Маж прегазен и оставен мртов на автопат во близина на Велес, МВР трага по возачот

Маж чиј идентитет и возраст засега не се познати бил пронајден вчера починат покрај коловозот на автопатот, кај клучката кај Велес, дознава Батали.нет.

Zito baner

Според првичните информации, мажот бил прегазен од возило чиј возач по несреќата побегнал од местото на настанот. Од здобиените повреди, лицето починало на самото место.

Agria

На локацијата бил извршен полициски увид, а надлежните служби преземаат мерки за расчистување на случајот. Се работи на утврдување на идентитетот на починатиот, како и на пронаоѓање на возилото и возачот кој учествувал во несреќата.

Се очекуваат повеќе официјални информации од Министерството за внатрешни работи во текот на денот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: