77-годишник од Мамутчево е пешакот кој беше прегазен и оставен покрај автопатот кај Велес

Како што претходно објави Батали.нет, МВР излезе со детали за трагичниот случај во кој пешак беше прегазен и оставен да почине покрај автопатот Градско–Велес.

Zito baner

Станува збор за 77-годишниот С.М. од велешкото село Мамутчево, кој бил удрен од патничко возило на местото викано „Штипска клучка“. Возачот по несреќата не застанал, туку со возилото го напуштил местото на настанот.

Agria

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Велес на 5 октомври околу 05:30 часот. Од здобиените повреди, пешакот починал на самото место, а лекар констатирал смрт.

„По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција“, информираат од МВР.

На местото бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на возачот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: