Премиерот Христијан Мицкоски не ја поддржува иницијативата на Стопанската комора за намалување на бројот на празници и неработни денови.
„Во принцип мислам дека стекнатите права на работниците треба да се почитуваат и тука немам никаква дилема“, изјави Мицкоски.
Со ваквиот став премиерот не даде поддршка на предлогот на Стопанската комора за промена на актуелното законско решение, според кое, доколку државен празник се падне во недела, првиот нареден ден е неработен.
Од Стопанската комора бараат да се преиспита бројот на неработни денови, со образложение дека честите празници влијаат врз продуктивноста и носат дополнителни трошоци за компаниите.
Против ваквата иницијатива се изјаснија и синдикатите, кои сметаат дека кратењето на неработните денови би значело намалување на веќе стекнатите права на работниците.
Ставот на Мицкоски засега е јасен – Владата не поддржува решение со кое би се намалиле правата што работниците веќе ги имаат.






















