Раштани на врвот во Општинската фудбалска лига Велес

По одиграни четири кола во Општинската фудбалска лига Велес, екипата на Раштани Спорт 2025 се издвои на врвот на табелата со 10 бодови, откако забележа три победи и едно реми. Раштанци славеа на гостувањето кај Младост со 2:0, а двата погодоци ги постигна Даниел Трајковски во 56. и 86. минута.

Zito baner

На второто место е Гoрски со осум бодови, кој во четвртото коло го совлада тимот на Локомотива со убедливи 3:0. Стрелци за Гoрски беа Иванче Давитков во 5. и 15. минута, како и Аријан Колашинац во 57. минута.

Agria

Третото место го дели Локомотива со седум бодови, колку што има и Форца Нова, која е четвртопласирана. До втората победа во првенството стигна и Тополка, која со голот на Матеј Димовски во 75. минута славеше против Врановци. Минатогодишниот шампион, пак, минимално го совлада Согле со 1:0, благодарение на погодокот на Антонио Јорданов во 18. минута.

Интересно е што Бузалкова по четири одиграни натпревари има четири ремија и сè уште нема ниту победа ниту пораз. На дното на табелата е Младост 1976, која по четири кола е без освоен бод.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: