Кошаркарите на Борец Баскет претрпеа убедлив пораз на гостувањето кај Феникс 2010, кој славеше со 108:76 и ја забележа третата победа во сезоната.
Велешани имаа тежок предизвик против фаворизираниот домаќин, кој имаше предност и во првото полувреме, но клучната разлика ја направи по паузата. Феникс 2010 одигра далеку поефикасно во вториот дел, постигнувајќи 62 поени за убедлива победа.
Кај Борец Баскет, Сапроновски беше најдобар стрелец со 19 поени, Захариев постигна 11, додека Коцевски и Сибиновски средбата ја завршија со по 10 поени. Во победничкиот состав најефикасен беше Стојановски со 31 поен, Грбовиќ додаде 21, Тачи 16, а Лоусон 10 поени.
Во следното коло велешкиот состав ќе има можност за враќање на победничкиот пат, кога на домашен терен ќе го пречека тимот на ИБА Скопје.






















