Двајца 27-годишни велешани се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила синоќа, околу 23:40 часот, на улицата „Вардарска“ во Велес.
Според информациите од СВР Велес, патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (27) од Велес, од засега непознати причини излетало надвор од коловозот и удрило во дрво.
Во несреќата тешко повредени се возачот и неговиот сопатник Д.П. (27), исто така од Велес. Повредите им биле констатирани во Општата болница во Велес. На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Велес.




















