Едис Талевиќ, млад напаѓач со мелнички корени во младинскиот погон на Хајденхајм

Петнаесетгодишниот Едис Талевиќ, млад фудбалер роден во германскиот град Минделхајм, чии родители потекнуваат од велешкото село Мелница, направи значаен чекор во својата фудбалска кариера. Талевиќ е нов член на младинскиот погон на ФЦ Хајденхајм, клуб кој минатата сезона настапуваше во германската Бундеслига.

Zito baner

Младиот напаѓач во моментов настапува за екипата на Илертисен во категоријата до 15 години, која се натпреварува во Баварската лига. Во наредниот период тој ќе продолжи да игра за својот сегашен тим, додека тренажниот процес ќе го реализира во новиот клуб, каде што ќе има можност да напредува под условите и методите на работа на познат германски фудбалски колектив.

Agria

Талевиќ игра на позицијата напаѓач, а неговите главни квалитети се одличната физичка подготвеност, брзината и силниот удар кон противничкиот гол, особено со левата нога. Покрај индивидуалните карактеристики, се издвојува и со несебичната игра и чувството за тимска соработка.

Со оглед на неговата возраст и досегашниот развој, пред Едис се отвора можност за понатамошен напредок и пробив кон повисоките фудбалски нивоа. Континуираната работа, посветеноста и искористувањето на шансите ќе бидат клучни за неговиот следен чекор во кариерата.

Воедно, останува надежта дека талентот на младиот фудбалер ќе биде забележан и од Фудбалската федерација на Македонија. Со оглед на семејните корени од Мелница, евентуалниот повик во некоја од младинските репрезентации би бил можност Талевиќ да го облече македонскиот дрес и да стане дел од иднината на македонскиот фудбал.

За младиот Едис ова е нова можност за докажување, а за македонскиот фудбал уште еден потенцијал што вреди да се следи.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: