Велешанец ја нападнал сопругата со дрвен предмет и ѝ се заканувал, приведен е

82-годишен жител на Велес бил лишен од слобода откако, според пријава, физички ја нападнал својата 72-годишна сопруга во нивниот семеен дом, при што употребил дрвен предмет и ѝ упатувал закани.

Zito baner

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во СВР Велес, по што полициски службеници на 30 октомври, околу 11:50 часот, го лишиле од слобода Т.Ш. (82).

Agria

При постапувањето, полициските службеници го пронашле и одзеле дрвениот предмет за кој се сомнева дека бил употребен при нападот.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против 82-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: