ОК Борец ветерани по трет пат шампион на државната лига во одбојка

Одбојкарите на ОК Борец ветерани се победници на државната лига во одбојка, откако попладнево во Тетово, во финалето, го совладаа домаќинот ОК Шкендија со 2:1 (25:15, 12:25, 15:11).

Zito baner

Велешките ветерани до титулата стигнаа по возбудлив и неизвесен натпревар, во кој победникот беше решен во тај-брејк. Двете екипи водеа изедначена борба, но во решавачкиот сет Борец покажа поголема сигурност и заслужено се радуваше на нов трофеј.

Agria

Ова е трета титула за ОК Борец ветерани во трите години откако се одржува ова натпреварување, кое е дел од натпреварувачкиот систем на Одбојкарската федерација на Македонија. Велешани беа најдобри и на претходните две изданија, со што го продолжија својот победнички континуитет.

До финалето Борец стигна со убедлива победа во полуфиналето, каде што без поголеми проблеми го совлада ОК Скопје со 2:0, по сетови 25:15 и 25:15.

За ОК Борец ветерани  сезоната сè уште не е завршена. Велешани добиле покана за учество на ветерански турнир во Суботица, Војводина, кој ќе се одржи на 12 декември.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: