Уапсен велешанец, пријавен дека физички го нападнал неговото малолетно дете

Велешанец (41) е лишен од слобода откако неговата поранешна сопруга пријавила дека физички нападнал едно од нивните малолетни деца.

Zito baner

На 2 ноември 2026 година, во 05:40 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.Т. (41) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна поранешна сопруга.

Agria

Според пријавата, тој физички нападнал едно од нивните малолетни деца додека децата биле на викенд кај него, согласно решение од Центарот за социјални работи Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: