Тројца жители на Велес пријавиле дека биле измамени од жена од Битола, со која биле во роднинска врска, а која од нив позајмувала пари со изговор дека ѝ се потребни за операција на нејзината внука. Вкупната сума за која станува збор изнесува 20.483 евра.
Според информациите од СВР Велес, на 3 ноември 2026 година, 73-годишна велешанка пријавила дека ѝ позајмила 1.000 евра на П.М. од Битола, откако таа ѝ кажала дека парите ѝ се потребни за операција на нејзината внука.
Со истиот изговор, 1.000 евра ѝ позајмил и 84-годишен велешанец. Дополнително, П.М. во повеќе наврати позајмила вкупно 18.483 евра од 76-годишна велешанка.
Според пријавите, до моментот на пријавувањето парите не им биле вратени на оштетените. Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.





















