Во рамките на 10. коло од Третата фудбалска лига – Регион 4, екипите на Росоман и Башкими од Горно Јаболчиште ги поделија бодовите, одигрувајќи натпревар без голови (0:0).
Домашниот состав имаше повеќе од играта, но и двете екипи создадоа свои прилики за постигнување гол и освојување на трите бода. Сепак, ниту една од нив не успеа да ја затресе противничката мрежа, па на крајот мораа да се задоволат со по еден бод.
Единствениот момент за издвојување се случи во 90. минута, кога Емре Исмаел од Башкими заработи црвен картон откако без топка го удри фудбалерот на Росоман, Тоше Кочовски.
По десет одиграни кола, Росоман се наоѓа на шестото место на табелата со 15 бода, додека веднаш зад него е Башкими со 13 освоени бодови.




















