Конститутивната седница на Собранието во соседна Србија закажана за претпладнево

На конститутивната седница на Собранието на Србија, закажана за денеска во 10 часот, треба да се потврдат мандатите на пратениците, а потоа да се изберат претседателот и потпретседателот на Собранието, генералниот секретар и членовите на парламентарните одбори и делегации.

Zito baner

Првата седница, до изборот на претседател на Парламентот, ја води најстариот народен пратеник. Најавено е дека претседател на таа седница ќе биде Стојан Раденовиќ, член на листата „Обединета Србија“, а од таа партија рекоа дека ќе го номинираат Раденовиќ за функцијата претседател на Собранието.

Agria

Националното собрание се смета за конституирано кога ќе бидат потврдени мандатите на најмалку две третини од народните претставници кои потоа полагаат заклетва. Кандидат за претседател може да предложат најмалку 30 пратеници, а за неговиот избор е потребно мнозинство од вкупниот број пратеници, односно најмалку 126 гласови.

Со конституирањето на Националното собрание, започнува уставниот период од 90 дена за избор на новата Влада.

На вонредните парламентарни избори на 25 октомври, „Студентска листа – Студентите победуваат“ освои 140 мандати, а листата „Обединета Србија“ собрана околу Српската напредна партија (СНС) освои 103.

Сојузот на војводинските Унгарци (СВМ) и Албанската коалиција освоија по два мандата, а „Народната“ листа на Расим Љајиќ, Партијата на правдата и помирувањето и Партијата за демократска акција на Санџак освоија по еден.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: