На 16.11.2026 година, во 21:30 часот, во Градско, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско сопреле мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од селото Уланци, општина Градско.
При извршените проверки било констатирано дека малолетникот управувал со мотоциклот пред да се стекне со право на управување.
По насоки на јавен обвинител, мотоциклот бил одземен, а бил извршен и службен разговор со родител на малолетникот. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.



















