Променливо облачно со повремен дожд

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови од земјава повремено силен ветер од југозападен правец кој ќе достигне брзина и над 80 километри на час.

Zito baner

Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 10 до 21 степен.

Agria

Времето во Велес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и со услови за слаб дожд кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 9 до 19 степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: