30 дена притвор за Кристијан Корабовски за нападот врз 26-годишната Сара

zatvor ohrid

Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара во Охрид, доби 30-дневен притвор. Од Обвинителството објаснуваат дека барањето за притвор следувало по проширувањето на обвинението од едно на три кривични дела, врз основа на новите докази собрани во истрагата.

Zito baner

Оттаму посочуваат дека првичната пријава од МВР се однесувала на едно кривично дело, но дополнителните докази ја промениле проценката за потребата од построги мерки. Особено, доказите за кривичното дело „загрозување на сигурноста“ укажале на опасност обвинетиот да го повтори насилството. Од Обвинителството тврдат дека тој бил соодветно обезбеден од самиот почеток на постапката.

Agria

Основното јавно обвинителство Охрид на 16 ноември поднесе обвинение за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Според обвинението, при вршење семејно насилство, Корабоски ја затворил жената против нејзина волја, физички ја нападнал, ѝ нанел повреди и ѝ ја загрозил сигурноста.

Во текот на истрагата, оштетената била испитана во присуство на претставници на социјалните служби, а било наредено и вештачење за видот и карактерот на повредите.

Нападот се случил на 15 ноември, околу два часот по полноќ. Според информациите од МВР, расправијата меѓу 31-годишниот охриѓанец и неговата 26-годишна партнерка започнала во домот, а продолжила во автомобилот, каде тој физички ја нападнал. Насилството продолжило и откако го запрел возилото, при што жената изгубила свест и паднала. Таа била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа во болницата „Свети Еразмо“. Корабоски бил лишен од слобода во 5:05 часот.

По првичното постапување, судот му определил забрана да ѝ се приближува на оштетената на помалку од 50 метри, му го одзел пасошот и му наложил секој втор понеделник да се пријавува во судот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: