45-годишен жител на велешкото село Иванковци бил приведен откако под дејство на алкохол го нарушувал јавниот ред и мир со агресивно однесување на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, настанот се случил на 20 ноември во 19:30 часот, кога полициски службеници од СВР Велес го привеле Т.Н. (45).
При извршените проверки било утврдено дека тој бил под дејство на алкохол, при што алкотестот покажал дури 2,80 промили алкохол во крвта.
Лицето било задржано во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.




















