Нов свештеник во Повардарската епархија, ракоположен велешанецот Бобан Ѓорѓиевски

Бобан Ѓорѓиевски од Велес е ракоположен во свештенички чин на денешната Света Божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, соопшти Повардарската епархија.

Zito baner

Литургијата се одржа по повод празникот Собор на Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни, а со неа чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенството од велешкото архиерејско намесништво.

Agria

По ракополагањето, Митрополитот Агатангел упати поучно слово до новиот свештенослужител, повикувајќи го ревносно и совесно да ја чува и проповеда православната вера, со чисто срце да му служи на Господ Исус Христос, како и верно да ја љуби Македонската православна црква и македонскиот народ.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: