62-годишната велешанка Марина Ацкова е единствената жена во Македонија со најголем број крводарувања, за што доби посебно признание по повод 80-годишнината од постоењето на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје.
Ацкова, родена во 1964 година, а повеќе од 35 години дарува крв, давајќи свој придонес во спасувањето човечки животи. Веста за признанието ја сподели и самата таа на социјалните мрежи, истакнувајќи дека особено ја радува фактот што по толку години добила потврда за својата хуманост и посветеност.

„Не треба да си лекар за да бидеш хуман, доволно е тоа да го носиш во себе“, порачува Ацкова, која изрази благодарност за досегашното здравје и поддршката од најблиските.
Нејзиниот долгогодишен пример на хуманост е потсетник за важноста на доброволното крводарителство и можноста секој од нас да помогне во спасувањето човечки живот.
Настанот во Македонската филхармонија уште еднаш ја истакна клучната улога на доброволните крводарители во здравствениот систем.




















