Патиштата се проодни, за камиони и натаму има забрани на четири правци

Сите патни правци во државата се проодни, но поради снежните врнежи и влажните коловози, на четири делници сè уште важи забрана за движење на тешки товарни возила. Екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на снегот со целата расположлива механизација.

Zito baner

Според утринскиот билтен на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), објавен во 7:45 часот, забрани за камиони има на патните правци Маврово – Дебар, преку превојот Стража, Крива Паланка – Деве Баир и Битола – Ресен преку превојот Ѓавато.

Agria

Најдолго на сила се забраните на патот Маврово – Дебар и преку Стража, воведени вчера во 18 часот. На делницата Крива Паланка – Деве Баир забраната е воведена синоќа во 22:15 часот, додека на патот Битола – Ресен преку Ѓавато од полноќ и 20 минути.

Во меѓувреме, утрово во 7:30 часот е укината забраната за камиони на патот Ресен – Охрид преку Буково, а половина час претходно е нормализиран сообраќајот и на патот Делчево – граничен премин Делчево.

На повисоките места и утрово врне снег, додека во пониските предели врнежите се послаби. Од „Македонија пат“ апелираат до возачите да поседуваат задолжителна зимска опрема и да ја приспособат брзината на условите на патот.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: