Локалното дерби без неизвесност – Борец со максимални 3:0

Одбојкарките на Борец убедливо го добија локалното дерби против екипата на Виола Волеј, славејќи со максимални 3:0 (25:10, 25:11, 25:15) во рамки на 20. коло од Втората одбојкарска лига за жени.

Домашниот состав одигра сигурен и квалитетен натпревар, прикажувајќи одлична игра, борбеност и изразен тимски дух во текот на целиот меч. Од првиот до последниот поен, одбојкарките на Борец имаа целосна контрола на теренот, не дозволувајќи им на гостинките посериозно да се заканат во ниту еден од трите сета.

Agria

Разликата во квалитет беше очигледна уште во првиот сет, кој Борец го доби со убедливи 25:10, а во сличен ритам продолжи и во вториот дел од играта (25:11). Во третиот сет Виола Волеј пружи нешто посилен отпор, но и тоа не беше доволно да се избегне максимален пораз, откако домаќинките го затворија мечот со 25:15.

По одиграното 20. коло, Борец се зацврсти на четвртата позиција на табелата, додека Виола Волеј останува на 10-тото место во шампионатот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: