Боречкиот клуб „Борец“ со шест медали на турнирот „Млади надежи“ во Неготино

Боречкиот клуб „Борец“ имаше одличен настап на денешниот турнир „Млади надежи“ во Неготино, на кој младите борачи освоија вкупно шест медали – еден златен, три сребрени и два бронзени.

Zito baner

Особено внимание привлече Туна Муртезани, која на својот прв настап успеа да стигне до финалето. Иако во борбата за златниот медал беше поразена, Муртезани се закити со сребрен медал, што претставува одличен резултат за нејзиниот дебитантски настап.

Agria

Најголем успех оствари Петар Мијовски, кој со пет победи во својата категорија заслужено го освои златниот медал.

До сребрени одличја стигнаа и Дамир Бакиов и Адријан Бакиов. Дамир, како најмал натпреварувач во својата категорија, забележа четири победи и еден пораз, додека Адријан оствари три победи и еден пораз.

Ване Минов и Јашар Јашаров се закитија со бронзени медали, додека Петар Саздов го освои петтото место.

По турнирот, од клубот изразија задоволство од прикажаните борби и настапот на младите борачи.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: