Борец 1919 по нови бодови во Неготино, Превалец го пречекува Млекар

Продолжуваат возбудувањата во Третата фудбалска лига – Регион 4, со натпреварите од 4. коло, во кое велешките екипи ги очекуваат нови предизвици.

Zito baner

Фудбалерите на Борец 1919 ќе гостуваат во Неготино, каде ќе ги одмери силите со Вардар Неготино, минатогодишен второлигаш. Велешани во натпреварот влегуваат со желба да ја продолжат серијата без пораз и да освојат нови бодови на гостински терен. Натпреварот во Неготино ќе се одигра во недела од 15:30 часот.

Agria

Во истото време, во велешката населба Превалец, истоимената екипа ќе го пречека Млекар, тим кој моментално се наоѓа на последната позиција на табелата. Превалчани ќе имаат можност пред своите гледачи да стигнат до нови бодови.

Еден ден порано, во Чашка, домашниот Башкими ќе го пречека Венец од Долни Дисан, кој по првите три кола има максимален учинок и се наоѓа во серија од три победи.

Се очекува интересен фудбалски викенд во Регион 4, со три натпревари во кои велешките екипи ќе бараат бодови и подобар пласман на табелата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: