(ВИДЕО) ФФМ ја одби жалбата на Кеги Моби за натпреварот против Железарец

Sporen moment Kegi Mobi Zelezarec

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја одби жалбата на Кеги Моби за натпреварот со Железарец кој заврши со резултат 3:3, за кој се тврдеше дека велешани постигнале регуларен гол кој судиите од Скопје неоправдано го поништија.

Содржината продолжува под рекламата

Zito baner

Велешани бараа натпреварот да се преигра или поништи доколку се утврдат грешките на судиите за нерегуларно поништување на погодокот,.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во образложението кое го добија и двата клуба стои дека, Судискиот одбор на ФФМ утврдило дека нема повреда на фудбалската игра, и дека нема основа за поништување на натпреварот, па тој е регистриран со постигнатиот резултат 3:3.

Како што стои во реакцијата од клубот, спорен момент е при резултат 2:3 за гостите од Скопје, а домашниот состав постигнува гол, за израмнување на 3:3. Судиите го признаваат погодокот, но по 30 секунди ја променуваат својата одлука поради наводно играње на играчот, голман на Кеги Моби два пати со топка на своја половина.

Од клубот објавија и фотографии и видео, на кое се докажува дека голманот, играч на Кеги Моби игра само еднаш со топка на своја половина, бидејќи кога при обид на играч на Кеги Моби да ја врати топката назад, има допир на топка на играч од КМФ Железарец.

Видео:

Видео од нерегуларно поништен регуларниот гол на КМФ Кеги Моби за изедначување на резултатот поврзано со претходниот пост, видеа, слики и жалба до Криминалистичка Федерација на Македонија.

Posted by КМФ Кеги Моби Велес on Friday, February 23, 2024

Велешани се прашуваат, на кого му одговараат овие судиски грешки, кои во главно одат на нивна штета и се „крои“ табелата во шампионатот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: