ГОК Борец ја отвора сезоната со бараж против Весна, целта повторно е врвот на македонската одбојка

Одбојкарскиот вицешампион ГОК Борец новата натпреварувачка сезона ќе ја започне на 17 октомври со двомеч против ОК Весна од Пробиштип. Натпреварите ќе претставуваат бараж за распоредување на екипите во новоформираните Прва А и Прва Б лига.

Zito baner

Според новиот систем на натпреварување, кој за првпат ќе се применува оваа сезона, шесте победници од баражите ќе формираат Прва А лига, додека шесте поразени ќе бидат дел од Прва Б лига.

Agria

Во двете лиги ќе се игра четирикружен систем „секој со секого“, што значи дека секоја екипа ќе одигра по четири натпревари против секој противник – два на домашен и два на гостински терен. По завршувањето на првенствениот дел, напролет следува плејоф. За титулата шампион на Македонија ќе се борат шесте екипи од Прва А лига и двете првопласирани екипи од Прва Б лига.

За ГОК Борец сезоната ќе има и дополнителен предизвик пред стартот на првенството. Велешкиот состав ќе настапи на првиот македонски одбојкарски Суперкуп, кој ќе се игра во рамките на јубилејното издание на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

По освоеното вицешампионско место минатата сезона, како и вицешампион во одбојкарскиот Куп, амбициите во велешкиот клуб остануваат високи, Борец и оваа сезона влегува со јасна цел да биде во врвот на македонската одбојка и да се бори за највисоките пласмани.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: