Интервју со Елеонора Арсова: Рамус носи поширока палета на лабораториски анализи во Велес

Современата лабораториска дијагностика сè повеќе станува важен дел од грижата за здравјето, а граѓаните денес имаат можност да избираат меѓу различни лаборатории и широк спектар на анализи. Во тој контекст, „Рамус“ веќе неколку години е присутен на македонскиот пазар, а од неодамна и во Велес, со понуда која, покрај основните лабораториски анализи, опфаќа и специјализирани испитувања од областа на имунологијата, алергологијата, микробиологијата, молекуларната дијагностика и генетиката.

Zito baner

За тоа како велешани ја прифатија лабораторијата, кои анализи се најбарани, колку се важни брзината и точноста на резултатите, како и што значи современата технологија во лабораториската дијагностика, разговараме со Елеонора Арсова од „Рамус“.

Agria

Рамус веќе неколку години е присутен на македонскиот пазар, а од неодамна и во Велес. Како досега сте задоволни од приемот кај велешани?

Искрено, многу сме задоволни од приемот. Велес беше внимателно одбрана локација за нас и уште од пред отворањето знаевме дека граѓаните имаат потреба од лабораторија која ќе понуди поширок спектар на анализи, современа технологија и, пред сè, сигурност во резултатите. Она што особено нè радува е што интересот не се задржува само на рутинските анализи туку Велешани сè повеќе се интересираат и за превентивни прегледи, хормонални анализи, алергиски панели, микробиолошки анализи, молекуларна дијагностика и генетски испитувања. За нас најдобар показател за довербата е пациентот кој еднаш ќе дојде, да биде задоволен од услугата и повторно ќе се врати за повторно испитување во иднина.

Што им нуди Рамус на граѓаните на Велес и по што сакате да бидете препознаени?

Рамус како современа лабораторија сака да понуди нешто повеќе за пациентите. Нашата идеја е пациентот на едно место да има пристап до што е можно поширок спектар на анализи кои се прецизни, брзи и точни- што всушност претставува и наше мото. Наша цел и амбиција е како лабораторија да бидеме препознаени по професионалноста која ја нудиме према пациентите, по широката пелета на анализи, современата дијагностика и точноста на резултатите.

Колку ви беше важно при отворањето на лабораториите во Велес граѓаните да добијат современа и квалитетна лабораториска услуга во својот град?

Тоа беше една од суштинските причини за нашето присуство во Велес. Не сакавме граѓаните за одредена поспецифична анализа да патуваат до Скопје или друг град за што е потребно повеќе време и ресурси. Во Рамус работиме со концепт во кој рутинската лабораторија и високо специјализираната дијагностика се надополнуваат. Покрај крвната слика, шеќер, липиден статус, црнодробни и бубрежни параметри, железо, феритин, витамини и други биохемиски анализи, достапни се и голем број поспецифични испитувања од областа на имунологијата, алергологијата, микробиологијата, молекуларната дијагностика и генетиката што досега не беа присутни за Велешани. Тоа е можност која сакаме да ја доближимe до граѓаните.

Денес граѓаните имаат сè поголем избор кога станува збор за лабораториски услуги. Што сметате дека е најважно кога некој избира каде ќе ги направи своите анализи?

Кога станува збор за здравјето, мислам дека најважна е довербата стекната од страна на пациентите. Покрај тоа, важноста за изборот се базира и на пристапноста на цените и услугите што ги нудиме. Пациентот треба да знае дека резултатот што ќе го добие е точен, дека примерокот е правилно обработен, дека постојат процедури за контрола на квалитетот и дека зад целиот процес стои стручен тим (специјалисти по биохемија, специјалисти по микробиологија, магистри по фармација и молекуларна биологија) Исто така, многу е важно лабораторијата да има широка палета на анализи особен проблем е тоа што пациент потребно е да направи една анализа на едно место, друга анализа на друго, а за трета да мора да патува дури и до друг град. Токму затоа во Рамус постојано ја прошируваме понудата – од основна лабораториска дијагностика до специјализирани анализи кои не се достапни во секоја лабораторија во Македонија.

Колку е важна брзината на добивање на резултатите, особено за пациентите на кои им се потребни во краток рок?

Брзината е многу важна, но секогаш ја ставаме во рамнотежа со точноста. Во одредени ситуации времето е навистина критично. Но, брзината не значи дека треба да се прават компромиси со квалитетот. Нашиот принцип е – резултатот да биде добиен што е можно побрзо, но да биде и аналитички сигурен и валидиран.

Со каква технологија и опрема располагаат лабораториите на Рамус и колку вложувањето во современа опрема е важно за точноста и сигурноста на резултатите?

Современата лабораториска медицина без современа технологија практично не може да се замисли. Во Рамус континуирано инвестираме во современа лабораториска опрема, реагенси, апаратура, автоматизација и технологии кои овозможуваат висок степен на прецизност и репродуктивност на резултатите. Но, опремата сама по себе не е доволна. Неопходни се стручни кадри, стандардизирани процедури, внатрешна и надворешна контрола на квалитет и постојано следење на аналитичките процеси. Нашата цел е пациентот да знае дека, туку дека зад резултатот стои стандарден и контролиран процес.

Кои анализи и услуги се најбарани од велешани откако Рамус започна со работа во градот?

Интересот е навистина широк. Секако, голем дел од пациентите доаѓаат за основни анализи – комплетна крвна слика, гликемија, липиден статус, црнодробни и бубрежни параметри, железо, феритин, витамин Д, витамин Б12, фолна киселина, како и хормонални анализи, особено за тиреоидна функција. Но, она што е особено интересно е растечкиот интерес за поспецифични испитувања и промотивните пакети со намалена цена коишто ги имаме на двомесечно ниво будат широк интерес кај пациентите.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: