Извлечени групите за детскиот турнир 2026 во Велес, од понеделник стартува фудбалската магија во Градски парк

Со официјалното извлекување на групите, започна одбројувањето до стартот на традиционалниот Детски турнир во мал фудбал, кој од понеделник ќе го исполни спортскиот терен во Градскиот парк во Велес со детска насмевка, натпреварувачки дух и многу фудбалски возбудувања.

Zito baner

Турнирот, кој го организира Општина Велес во соработка со фудбалскиот тренер Панче Нанев, ќе ги собере младите фудбалски надежи родени во 2011/2012 година и помлади. Освен борбата за трофејот, целта на настанот е кај најмладите да се развиваат вредности како фер-плеј, тимска игра, почитување на противникот и другарство.

Agria

Годинава на турнирот ќе настапат 16 екипи, распределени во четири групи, а најдобрите две од секоја ќе обезбедат место во елиминациската фаза.

По вчерашната ждрепка, групите се составени вака:

Група А: Нашто маало, Лирија, Везилка, ВИКСАТА АУТОДЕТАЛИНГ

Група Б: Тополка, Млади ѕвезди, Њу Старс, ФК Јуниор

Група В: Мал Ајакс, Тим 1 МКД, Осогово Крива Паланка, Кумцал

Група Г: Борец 1919, АЦ Електрик, Пекара Натали и Минерали Метал

Организаторите очекуваат динамични и неизвесни натпревари, исполнети со многу емоции и спортска страст, а велешката публика уште еднаш ќе има можност да ги бодри идните фудбалски таленти. Детскиот турнир веќе со години претставува вистински спортски празник во Велес, создавајќи нови пријателства и незаборавни спомени за сите учесници.

И оваа година Батали.нет ќе биде медиумски покровител на овој детски турнир.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: