Колектив со пресврт до шампионската титула на меморијалниот турнир „Гоце Коцевски“ 2026

Екипата на Колектив е победник на Вториот меморијален турнир во мал фудбал „Гоце Коцевски“ 2026, кој изминатите денови се играше во населбата Превалец.

Zito baner

Колектив до шампионскиот трофеј стигна по одличен пресврт во второто полувреме, совладувајќи ја Аризона со 5:1 во финалниот натпревар.

Agria

Аризона успеа да поведе, но Колектив во продолжението од мечот одигра многу подобро и со серија голови го сврте резултатот во своја корист. Со пет постигнати гола во вториот дел, екипата на Колектив стави печат на убедливата победа и ја освои шампионската титула на второто издание на турнирот.

Во натпреварот за третото место, Тополка беше подобра од Бабуна Мартолци со 5:3 и го освои бронзениот медал.

Покрај екипните признанија, беа доделени и награди за најдобрите поединци. За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Матеј Панов од Тополка, додека признанието за најдобар голман му припадна на Ратко Јовановски од шампионскиот состав на Колектив.

Вториот меморијален турнир „Гоце Коцевски“ и годинава собра 16 екипи, а натпреварите во Превалец донесоа голем број голови, неизвесни дуели и публика која до последниот ден го следеше турнирот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: