
Ковид центарот во Штип повторно исполнет до последен кревет. За една недела бројот на хоспитализирани се зголеми за трисетина проценти. Сега има 62 пациенти и дополнителни четири на одделот за интензивна нега. Половина од нив се на кислородна подршка.
Во функција од утринава повторно е кожното одделение и се активираат сите вработени. Се чека да заврши монтирањето на централниот довод на кислород во модуларната болница по што би се добиле дополнителни 47 кревети за сместување на Ковид пациенти.
Во штипскиот центар за јавно здравје дневно се земаат брсеви за тестирање за над 40 граѓани. Во просек повеќе од половината се позитивни на корона вирус. Во регионот што ги опфаќаат ковид центрите во Штип и Кочани во моментот има над 800 активни случаи.
Општинските кризни штабови веќе донесоа одлука да се зголемат контролите во превозот на работници и апелираа до граѓаните да ги почитуваат мерките и да не ги кријат контактите.
Можеби ќе ве интересира:
