Култниот ФК Горски прослави 104 години постоење

Фудбалскиот клуб „Горски“ од Велес одбележа 104 години постоење со натпревар на ветераните, одигран на ракометното игралиште во Градскиот парк.

Zito baner

Клубот, е еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија и има посебно место во спортската историја на Велес. Неговата традиција е постара и од онаа на градскиот фудбалски клуб „Борец“.

Agria

За симпатизерите, „Горски“ не е само фудбалски клуб, туку дел од велешкиот идентитет и градското наследство, рамо до рамо со препознатливите обележја на градот, како Градскиот саат, Железниот мост и Мало мовче.

И покрај долгата историја, клубот и понатаму останува активен на фудбалските терени. Пред две сезони го освои Купот на ОФС Велес, а и оваа сезона ќе се натпреварува во Општинската фудбалска лига Велес.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: