Полицијата го лиши од слобода 27-годишниот Е.З. од општина Чашка, откако било пријавено дека во семејниот дом физички го нападнал својот 60-годишен татко, при што употребил тврди предмети.
Настанот бил пријавен на 29 септември околу 16:40 часот. Известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.





















