СВР Велес постапува по пријава за нарушени семејни односи, во која се вклучени 71-годишна жена и нејзиниот 66-годишен девер.
Од СВР Велес информираат дека на 6 октомври во 15:10 часот, полициски службеници извршиле службен разговор со 71-годишната Е.Д. од Велес, по претходна пријава дека не го почитувала решението на Основниот суд Велес со кое ѝ било забрането да му се приближува, да му се заканува и да го малтретира нејзиниот 66-годишен девер, Н.Д., односно дека му упатувала навреди.
Воедно, Е.Д. пријавила дека во дворот од домот била физички нападната од нејзиниот девер Н.Д.
Од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.






















