
На 27.07.2024 во Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода М.К.(39) од Кавадарци.
Содржината продолжува под рекламата
Имено, по претходни оперативни сознанија преземени се мерки за пронаоѓање и фаќање на сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Содржината продолжува под рекламата
Околу 21.00 часот во Велес, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фиат пунто“ со валандовски регистарски ознаки, во кое биле три лица и кои во тој момент го напуштиле возилото.
Откако не застанале на дадена наредба, полициски службеник од службен пиштол испукал еден предупредувачки куршум во воздух, по што М.К. бил фатен и кај него било пронајдено и одземено поголемо најлонско пакување со зелена тревкаста материја. М.К. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира:
- Превалец го запиша првиот триумф во сезоната
- Втора победа за Борец 1919, Стојанов двапати стрелаше во Крушево
- Тешка сообраќајна несреќа кај Башино село, двајца со тешки повреди
- Велешанка возела со 1,55 промили алкохол, полицијата ѝ го одзела возилото
- Велешките хористи блеснаа во Грција: Злато за „Св. Кирил и Методиј“, публиката воодушевена





















