(ФОТО) Велешки планинари го освоија Мусала, највисокиот врв на Балканот

Уште еден голем планинарски успех забележаа членовите на ПД Гемиџии 903 Велес, кои успешно се искачија на Мусала, највисокиот врв на Балканот, висок 2.925 метри, во Бугарија.

Zito baner

На искачувањето учествувале 25 членови на друштвото, меѓу кои и две деца на возраст од 9 и 11 години, кои заедно со поискусните планинари успешно ја совладале планината.

Agria

За членовите на ПД Гемиџии 903 Велес, освојувањето на Мусала е уште една потврда дека со добра подготовка, тимски дух и љубов кон планината можат да се поместуваат сопствените граници и да се освојуваат нови височини.

Успешното искачување на Мусала е уште едно поглавје во богатата активност на велешките планинари, кои продолжуваат да ги освојуваат најпознатите планински врвови во регионот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: